
Покана за партнерство со новата платформа за доживувања во Македонија – gifto.mk!
Бараме партнери, кои ја споделуваат со нас нашата визиjа за доживувања на клиенти
Немате додадени доживувања или ваучери. Ве чека огромен избор на возбудливи понуди.
Проверете ги нашите неверојатни доживувања и наполнете ја вашата кошница со возбудливи моменти и емоции.
Уживајте во авантура и притиснете го копчето "Додај" и започнете го вашето патување до незаборавни моменти. Доколку имате прашања или ви треба помош, нашите оператори се тука за да ви помогнат.
Choice of quality gift packaging and accessories
You receive your digital voucher immediately
You can complete an order for less then 2 minutes
Change your experience with just a few clicks
Chose the digital voucher and save 30 denars
We work only with insured and vetted experience providers
Најдобро оценети доживувања, подредени според популарноста и сезоната.
Изберете електронски ваучер и ќе го добиете веднаш по завршувањето на нарачката. Добијте 30 денари попуст за секој е-ваучер.
На наведениот ден, на примачот ќе му испратиме празнична поздравна е-честитка, со ваша желба и ваучер за незаборавно доживување.
Испечатен на дебела хартија, сместен во луксузна кутија за подарок, овој ваучер ќе ви биде испратен со курирска компанија на домашната адреса или на работното место.
Ваучер во коверт за подарок
Ваучер во кутија за подарок
Ваучер во луксузна кутија
Доживувања кои никогаш нема да ги заборавите.
Gifto е вашиот пат до повеќе незаборавни доживувања со луѓето за кои најмногу се грижите. Ние веруваме дека работите што ги доживуваме заедно нè прават подобри и посреќни луѓе, како и ја зајакнуваат нашата меѓусебна врска. Животот има повеќе смисла кога сме заедно.
Тимот на Gifto секојдневно напорно работи за да ви овозможи да доживеете повеќе незаборавни моменти. Ние се стремиме да подготвиме автентични доживувања кои нудат нешто посебно, така што вие секогаш го добивате најдоброто.
Веруваме дека најдобрите приказни се создаваат заедно.
Најдобрите работи се случуваат кога го поминуваме времето со нашите сакани. Квалитетно време поминато во добри доживувања. Затоа собираме стотици доживувања низ цела Македониjа.
Без разлика дали сакате гурмански, адреналин доживувања, да го поминете денот во SPA или сакате да летате со балон, вашето следно доживување можете да го најдете на Gifto.
Извлечете повеќе од животот. Направете го вашето време повредно. Откријте повеќе. Заедно.
Дали сакате да подарите доживување?
Има многу добри причини да се подари доживување, без разлика дали тоа е подарок за роденден за него или за неа, подарок за годишница од свадба, божиќен подарок или подарок за моминска забава и ергенска забава, студент или матурант, колега од работа, има многу подароци, вклучително за деца или за целото семејство.
Се разбира, може да се случи само да сакате да изненадите некого за кој се грижите за да можете да излезете заедно и да доживеете нешто ново. Цртање и дегустација на вино, јавање коњи и возење картинг се некои од најпопуларните доживувања со кои можете да започнете.
Сигурно си поставувате прашање: како можам да подарам доживување?
Можете и тоа многу лесно! Исто како и традиционалниот подарок, доживувањето може да се подари со празнично спакуван ваучер. Ваучерот го подарувате, а примачот избира кога да го искористи.
Можете дури и да подарите ваучер на кој било износ и примачот може да избере сопствено доживување. Тука никогаш не можете да погрешите!
Ние во Gifto веруваме дека пакувањето помага да се материјализира доживувањето што го подарувате. Затоа можете да изберете различни видови пакувања на ваучери за подарок – има погодно пакување за секоја пригода.
Ваучерот може да се спакува во украсна ќесичка за подарок и да се додаде персонализирана честитка. На овој начин ваучерот ќе изгледа феноменално при испорака и примачот ќе сака да го чува за спомен.
Дигиталниот ваучер (е-ваучер) е дизајниран на тој начин, што вие ќе можете самите да го испечатите и декорирате, внесувајќи личен белег и креативност. Одлична опција за подарок во последен момент без да излезете од дома.
Можете исто така да ја изберете нашата еколошка опција – да испратите електронска честитка. Ваучерот ќе биде испратен до примачот на денот што ќе го наведете, писмото ќе содржи лична честитка, а кон него ќе биде прикачен свечено дизајниран дигитален ваучер. Чувството на вистински подарок – од далечина и без загадување на природата!
Што ако подарокот не му се допадне на примачот?
Тоа е сосема нормално, тимот на Gifto максимално ќе ви ја олесни работата во оваа ситуација. Кога купувате ваучер во Gifto, вие или примачот можете лесно да го замените вашето доживување со некое друго.
Gifto – подари приказни!