Замисли тивко утро со кафе под сенка од стари дрвја, река што жубори крај прозорецот и природа што те гушка.
Сместенo во срцето на Орман, само неколку километри од Охрид, Chateau Orman не е само преноќиште – туку вистинско бегство од бучавата.
Ова доживување е идеално за парови кои сакаат романтика, семејства што копнеат за мир и љубители на природата.
Совршен избор за подарок за роденден, годишнина или спонтана авантура!
Како изгледа престојот?
Секоја соба има приватна бања, удобен ентериер и директен излез во градина.
На располагање се 4 апартмани: 2 двокреветни, 1 трокреветен со дополнително легло за дете, 1 двокреветен со дополнително легло за дете.
Посебно уредена кујна на отворено и скара на жар ќе ти дозволат да подготвиш вистинска гурманска вечер.
Уживај во заеднички простор со маси и столици – совршен за доручек или вечера под отворено небо.
По желба – појадок и дегустација!
Појадокот вклучува органски производи од шато имотот и локални фарми.
А ако сакаш нешто навистина посебно – избери ваучер со дегустација во дестилеријата Balaklija, каде те чекаат автентични македонски ракии, вина и специјалитети.
Подари доживување што се памети
Не подарувај предмети – подари моменти.
Ваквиот ваучер е подарок полн со емоции и мир.
За роденден, свадба, годишнина – ова е доживување што ќе се раскажува со години.
Резервирај ваучер преку Gifto.mk и подари престој што лечи.