Ексклузивно историско и гастрономско доживување “Римска гозба” од студио Креактива на локација по твој избор

Ексклузивно историско и гастрономско доживување Римска гозба на локација по твој избор
2 часа
ID48636

Ексклузивно историско и гастрономско доживување "Римска гозба" од студио Креактива на локација по твој избор

„Римска гозба: Вкусовите и приказните од антиката“ е ексклузивно доживување кое ги поврзува гастрономијата на древниот Рим, оживеаната историја и раскажувањето приказни.

Преку јадења и вино подготвени според антички рецепти, историски реквизити и учество во оживеани приказни, римското културно наследство се открива на еден поинаков, сетилен и непосреден начин.

Совршен, оригинален подарок за љубителите на историјата, добрите приказни и уникатните гастрономски патувања. Подари незаборавна „Римска гозба“ за роденден, деловен прием или уникатен тим-билдинг преку Gifto.mk!

Подарете го ова доживување на својот близок или побарајте резервација сега!

персонализиран ваучер
купи и резервирај
Имате ваучер?
Испорака преку е-пошта 24/7
Брза достава со курир
Валидност од 12 месеци
Политика за враќање од 14 дена

Ексклузивно историско и гастрономско доживување "Римска гозба" од студио Креактива на локација по твој избор

Автентични антички рецепти и дегустација на традиционално римско вино Mulsum - сетилно патување низ културата на Римската Империја.
Оживеана историја, раскажување приказни и игри под стручно водство на археолог - интерактивно искуство со реплики на антички садови и реквизити.
Прилагодливо доживување на локација по твој избор (винарија, ресторан или археолошки локалитет како Стоби) - идеален вредносен ваучер за приватни и корпоративни прослави!
Направи резервација и потврди го терминот најмалку 3 недели однапред за навремена подготовка на сите детали и менито.
Најави евентуални алергии или специфични прехранбени потреби (глутен, млечни производи, јаткасти плодови) за време на креирањето на менито.
Избери ја дополнителната опција за изнајмување на римски костими за целата група за уште поатрактивни фотографии и потполно потопување во античкиот амбиент!

Подетално за доживувањето

Како изгледала една римска гозба? Што јаделе и пиеле старите Римјани? Какви обичаи, верувања и општествени правила биле поврзани со храната, виното и заедничката трпеза?

Во древниот Рим, гозбата била многу повеќе од оброк. Таа била простор за дружење, разговори, склучување сојузи, демонстрирање статус и одржување на општествените врски.

Инспирирано од оваа традиција, Креактива создаде ексклузивно доживување кое ги поврзува историското знаење, античката гастрономија, оживеаната историја и современите пристапи кон интерпретација на културното наследство.

Во центарот на доживувањето е римската трпеза, со специјалитети подготвени според историски документирани рецепти, прилагодени на современите вкусови.

Во зависност од избраното мени, гастрономската понуда може да вклучува:

  • Libum (римски леб со сирење)
  • Intinge (различни римски намази)
  • Moretum (намаз од сирење, лук и билки)
  • Savillum (римски колач со сирење и мед)
  • Dulcia domestica (урми со мед и јаткасти плодови)
  • Mulsum (римско вино засладено со мед и зачини)

Храната и виното се само еден дел од ова доживување.

Преку раскажување приказни, оживеана историја и учество во историски инспирирани игри и предизвици, учесниците откриваат различни аспекти од секојдневниот живот, обичаите и културата на Римската Империја.

Посебен дел од атмосферата создаваат репликите на римски садови, чиниите во кои се послужува храната, амфората за вино и римските чаши, кои ја дополнуваат историската поставеност на доживувањето.

„Римска гозба“ е наменета за оние кои бараат повеќе од вообичаено гастрономско дружење: внимателно осмислена програма во која историјата, вкусовите и приказните создаваат единствено заедничко искуство.

Што опфаќа доживувањето?

  • Дегустација на специјалитети подготвени според антички римски рецепти.
  • Дегустација на вино инспирирано од римската традиција.
  • Оживеана историја и раскажување историски приказни.
  • Учество во гамифицирани активности од древниот Рим, со елементи на игра и истражување.
  • Послужување во реплики на римски садови и употреба на автентични историски реквизити.
  • Програма под стручно водство на археолог и сертифициран интерпретатор на културно наследство.

Конкретната содржина и гастрономската понуда се приспособуваат на избраниот формат на доживувањето.

За кои пригоди е наменето?

„Римска гозба“ може да се организира за различни приватни, деловни и протоколарни пригоди:

  • Приватни семејни дружења и прослави.
  • Родендени, годишнини и посебни пригоди.
  • Корпоративни настани и тимски дружења (team building).
  • Дипломатски приеми и протоколарни настани.
  • Деловни средби и приеми за партнери и гости.
  • Тематски вечери и ексклузивни приватни настани.

Секоја програма се приспособува на карактерот на настанот, профилот на учесниците и посакуваниот амбиент.

Локација и можности за комбинирање

„Римска гозба“ може да се реализира како самостојно доживување во винарија, ресторан или соодветен приватен простор.

Постои и можност за комбинирање со посета на музеј или археолошки локалитет, вклучително и античкиот град Стоби, каде што римското културно наследство може да се запознае непосредно, во неговиот историски контекст.

Во зависност од избраната локација, програмата може да вклучува дополнителни содржини, како посета на музејска поставка, разгледување на античкото наследство на терен или дополнителна винска дегустација.

Сите содржини, локации и дополнителни услуги се договараат индивидуално, во согласност со желбите на клиентот, расположивоста на просторот и условите на институциите или другите партнери.

Дополнителни опции по избор

Римски костими за учесниците

За оние кои сакаат дополнително да ја доживеат атмосферата на древниот Рим, постои можност за изнајмување до 15 римски костими. Костимите се дополнителна опција, достапна по претходен договор и со посебна доплата.

Проширена програма

По барање, доживувањето може да се надополни со дополнителни историски содржини, посети на културни локалитети или дополнителни вински дегустации.

Услови

Локација: По индивидуален договор (винарија, ресторан, приватен простор или археолошки локалитет/музеј).
Резервација: Задолжителна е претходна најава и потврда на терминот најдоцна три недели пред настанот. Откажување и промена: Промена на терминот или откажување на резервацијата е можно најдоцна седум дена пред реализацијата.
Времетраење: Приближно 90–120 минути за основниот формат. Комбинираните програми може да траат подолго.
Број на учесници: По договор, прилагодено за помали приватни групи или поголеми настани.
Мени и алергени: Индивидуален избор на јадења и вино. Менито содржи опции со млечни производи, глутен, јаткасти плодови и мед - сите специфични прехранбени потреби или алергии се прилагодуваат при најавата.
Возрасна граница: Римското вино Mulsum се послужува исклучително за лица над 18 години. За помлади учесници се обезбедуваат соодветни безалкохолни напитоци.
Вклучено
  • Вредноста на ваучерот се одбива од вкупната цена на твојата индивидуално креирана „Римска гозба“. Организацијата вклучува дегустација на специјалитети по антички рецепти, дегустација на вино Mulsum, интерактивна програма предводена од археолог, користење на реплики од антички садови и реквизити.
Не е вклучено
  • Изнајмување на римски костими (достапно како опција со доплата за до 15 лица), превоз до избраната локација, евентуални дополнителни влезници за музеи или археолошки локалитети.

Совети

Купувањето на ваучерот не претставува автоматска резервација на термин или локација - точниот датум и сите содржини се потврдуваат по прифаќање на индивидуалната понуда по направена резервација.
Секоја програма се приспособува на карактерот на настанот, профилот на гостите и избраната локација.
За промена на терминот или откажување на веќе потврдена резервација, потребно е да го известите организаторот најдоцна 7 дена пред настанот.

Најчесто поставувани прашања

Биди модерен, подари ваучер

По е-пошта – 24/7!

Изберете електронски ваучер и ќе го добиете веднаш по завршувањето на нарачката. Добијте 30 денари попуст за секој е-ваучер.

E-mail честитка

На наведениот ден, на примачот ќе му испратиме празнична поздравна е-честитка, со ваша желба и ваучер за незаборавно доживување.

Хартиен ваучер за подарок

Испечатен на дебела хартија, сместен во луксузна кутија за подарок, овој ваучер ќе ви биде испратен со курирска компанија на домашната адреса или на работното место.

Купи ваучер

1. Изберете ваучер
2. Додадете пакување
3. Напишете желба

Идеален за подарок или во случај ако сакате да побарате резервација подоцна.

Купи и резервирај

1. Изберете ваучер
2. Побарајте резервација
3. Платете лесно онлајн

Ќе ги видите следните чекори за да ја потврдите вашата резервација.

Плати со ваучер

Имате ваучер за некое друго доживување? Внесете го кодот на ваучерот и побарајте резервација за ова доживување.
Got a discount code? Use it during checkout.

Купи ваучер

1. Изберете ваучер
2. Додадете пакување
3. Напишете желба

Идеален за подарок или во случај ако сакате да побарате резервација подоцна.

Купи и резервирај

1. Изберете ваучер
2. Побарајте резервација
3. Платете лесно онлајн

Ќе ги видите следните чекори за да ја потврдите вашата резервација.

Плати со ваучер

Имате ваучер за некое друго доживување? Внесете го кодот на ваучерот и побарајте резервација за ова доживување.
Got a discount code? Use it during checkout.