Без разлика дали си почетник или веќе имаш искуство, ова доживување ќе ти овозможи да уживаш во спорт кој носи ментален и физички баланс.
Стрелаштвото е идеално за сите, од 10 години па нагоре, и е одличен избор за родендени, тимбилдинзи или само за забава со пријателите.
Тренинзите се одржуваат во модерно опремено стрелиште со 10 стрелачки места.
Со инструктори кои се повеќекратни државни прваци и рекордери, ќе имаш можност да научиш од најдобрите.
На располагање ќе имаш воздушна пушка и пиштол, како и целосна опрема за стрелаштво.
Тренинзите се одржуваат три пати неделно, во понеделник, среда и петок, од 18 до 21 часот.
Како се одвива доживувањето:
- Прва фаза: Воведна обука со инструктор кој ќе те запознае со основите на стрелаштвото и безбедноста.
- Втора фаза: Практична обука и тренинг со воздушна пушка и пиштол. Ќе имаш можност да пукаш со 120 дијаболи и 15 мети.
- Трета фаза: Натпревари и вежби за прецизност под водство на личен тренер за оние кои сакаат да се посветат посериозно на спортот.
Тренингот е одлична можност за развивање на психофизички способности, подобрување на концентрацијата и стекнување на нови вештини.
Уживај во секој момент и осети ја адреналинската возбуда на стрелаштвото.
Не чекај! Придружи се на Стрелачкиот клуб “Стрелец” и откриј нова страст.
Купи ваучер за себе или подари незаборавно доживување на твоите пријатели и блиски.
Започни авантура која ќе те мотивира и инспирира.