Доживејте ја магијата на Крушево од поинаква перспектива – на седло!
Јавањето коњи во Крушево е совршена комбинација на адреналин, мир и длабока поврзаност со природата.
Ова доживување е емоција спакувана во прекрасна планинска околина, идеална за сите љубители на авантурите и за оние кои сакаат да ја заменат градската врева со чист воздух и прекрасни пејзажи.
Што ве очекува за време на авантурата:
-
Уникатно планинско искуство: Јавањето коњи низ историското и живописно Крушево не е само активност, туку смирувачко и пријатно запознавање со планинските предели.
-
Професионално водство: Без разлика дали сте искусен јавач или првпат се качувате на коњ, авантурата се одвива под будното око и водство на искусни и сертифицирани инструктори.
-
Совршен подарок: Овој ваучер е идеален избор за родендени, годишнини или едноставно како начин да ги изненадите најблиските со квалитетно поминато време. Авантурата е наменета за парови кои бараат романтично бегство, семејства или друштва кои сакаат да создадат спомени кои се паметат цел живот.
Целта на организаторот е да ви ги приближи убавините на Крушево и Крушевската Корија на еден сосема поинаков начин.
Не ја пропуштајте оваа можност за бегство од реалноста!
Подарете си себеси или на некој близок ваучер за јавање коњи во Крушево и претворете го обичниот ден во незаборавно планинско доживување.
Понудени се две тури: кратка тура од 1.5 час, подолга тура за врвното доживување од 2.5 часа.
Секоја тура ти нуди уникатен увид во убавиниуте на Крушевско, со водич кој те води низ незаборавни пејсажи.
Следува предходна обука и користење заштитна опрема, со што е гарантирана безбедноста на сите учесници.
Придружбата на искусен водич обезбедува мир и сигурност дека секој момент ќе биде искористен на најдобар можен начин.
Не двоуми се, те чека твојата следна авантура! Резервирај ја твојата тура сега и искуси го вистинскиот дух на Крушево, јавајќи коњ.
Биди дел од оние кои знаат да уживаат во животот на најавантуристички начин! Резервирајте сега и осигурајте го вашиот термин!


