Реформер пилатес во Скопје: групни и индивидуални тренинзи

Реформер пилатес во Скопје: групни и индивидуални тренинзи

Реформер пилатес во Скопје: групни и индивидуални тренинзи

Откриј го Reformer Pilates во Скопје – модерен начин на вежбање со индивидуален пристап и внимание кон правилното изведување на секое движење.

Избери групен тренинг во мала група до 5 лица или индивидуална сесија прилагодена на твоето ниво, можности и цели.

Одбери го својот ваучер и подари си време за активно движење, подобра мобилност и чувство на енергија!

Подарете го ова доживување на својот близок или побарајте резервација сега!

персонализиран ваучер
купи и резервирај
Имате ваучер?
Испорака преку е-пошта 24/7
Брза достава со курир
Валидност од 12 месеци
Политика за враќање од 14 дена

Реформер пилатес во Скопје: групни и индивидуални тренинзи

Со максимум 5 учесници или индивидуални часови, секој вежбач добива целосна посветеност од инструкторот за правилно изведување на вежбите - резервирај го твојот час веднаш!
50 минути интензивна, но грациозна авантура на реформер спарава која ги активира сите мускулни групи - избери подарок ваучер за себе или за драга личност!
Вежбај во инспиративна атмосфера каде здравјето станува омилена секојдневна навика - купи ваучер и започни ја твојата позитивна промена денес!
Дојди малку пред почетокот за да се пресоблечеш смирено и да го подготвиш умот за претстојната авантура.
Препорачливо да имаш чорапи со грип кои ти нудат дополнителна стабилност и сигурност при изведувањето на вежбите на платформата.
Сподели ги твоите евентуални физички ограничувања или цели за инструкторот да го прилагоди отпорот според твоите можности.

Подетално за доживувањето

Reformer Pilates е одличен избор за сите кои сакаат активно да работат на својата физичка форма, мобилност, координација и контрола на движењата, во пријатен и професионален амбиент.

Во WE RE:FORM boutique Reformer Pilates студио во Скопје, секој тренинг е осмислен со внимание кон индивидуалните потреби на клиентот.

Наместо големи групи, групните часови се ограничени на максимум 5 лица, што овозможува инструкторот внимателно да го следи изведувањето на вежбите и да дава насоки во текот на целиот тренинг.

Секој Reformer Pilates тренинг трае 50 минути и претставува целосен тренинг на телото со користење на специјализирана реформер опрема.

Вежбите комбинираат контролирани движења, отпор и стабилизација, со фокус на правилна техника и постепено развивање на сила, мобилност и координација.

Предноста на реформерот е можноста различните вежби и нивото на отпор да се приспособат според можностите и искуството на учесникот. Инструкторот го следи секој клиент и дава соодветни насоки за правилно и контролирано изведување на движењата.

За оние кои претпочитаат поголема приватност и целосно персонализиран пристап, достапни се и индивидуални Reformer Pilates тренинзи. Во индивидуалниот формат програмата може дополнително да се прилагоди на конкретните потреби и цели на клиентот.

Во понудата можеш да избереш помеѓу еден тренинг или пакет од 4, 8 или 12 тренинзи. Така, ваучерот може да биде убав начин да се запознае Reformer Pilates за првпат, но и практичен подарок за некого кој сака да продолжи со редовно вежбање.

Reformer Pilates е погоден за индивидуалци, парови и мали групи, а со капацитет до 5 лица може да биде интересна опција и за заедничко активно искуство со пријатели или како дел од тимбилдинг.

Студиото WE RE:FORM се наоѓа во близина на Градскиот парк во Скопје. Тренинзите се достапни од 06:00 до 21:00 часот, со претходна резервација.

За групниот тренинг минималната возраст е 16 години. Групниот формат не е погоден за трудници, додека индивидуалниот тренинг може да се реализира и за трудници, соодветно на нивната состојба и потреби.

За тренингот се препорачува удобна спортска облека и чорапи со грип. Потребно е да пристигнеш околу 10 минути пред почетокот на закажаниот термин.

Без разлика дали бараш нов начин за активно поминување на времето, сакаш да пробаш Reformer Pilates или бараш практичен и поинаков подарок за некого, избери го ваучерот што најмногу ти одговара.

Подари искуство, движење и време посветено на себе – со Reformer Pilates во WE RE:FORM.

Услови

Работно време: Секој ден од 06:00 до 21:00 часот.
Резервација: Резервацијата треба да се направи најмалку еден ден однапред. Резервацијата може да се откаже 10 часа однапред а да се промени терминот 6 часа пред почетокот на тренингот.
Вклучено
  • 50-минутен воден реформер пилатес тренинг (Total Body Workout).
  • Користење на професионална опрема и реформер справи.
  • Посветеност и водство од стручен инструктор за време на часот.

Совети

Доживувањето е наменето за лица со возраст од 16+ години.
Максималната дозволена телесна тежина за безбедно користење на реформер опремата е 100 кг.
Групните часови се одвиваат со капацитет од максимум 5 лица, што го прави доживувањето одлично и за мали групи или тимбилдинг.

Најчесто поставувани прашања

Биди модерен, подари ваучер

По е-пошта – 24/7!

Изберете електронски ваучер и ќе го добиете веднаш по завршувањето на нарачката. Добијте 30 денари попуст за секој е-ваучер.

E-mail честитка

На наведениот ден, на примачот ќе му испратиме празнична поздравна е-честитка, со ваша желба и ваучер за незаборавно доживување.

Хартиен ваучер за подарок

Испечатен на дебела хартија, сместен во луксузна кутија за подарок, овој ваучер ќе ви биде испратен со курирска компанија на домашната адреса или на работното место.

Купи ваучер

1. Изберете ваучер
2. Додадете пакување
3. Напишете желба

Идеален за подарок или во случај ако сакате да побарате резервација подоцна.

Купи и резервирај

1. Изберете ваучер
2. Побарајте резервација
3. Платете лесно онлајн

Ќе ги видите следните чекори за да ја потврдите вашата резервација.

Плати со ваучер

Имате ваучер за некое друго доживување? Внесете го кодот на ваучерот и побарајте резервација за ова доживување.
Got a discount code? Use it during checkout.

Последно прегледано

degustacija-domasni-vina-arabeska-kavadarci
Дегустација на домашни вина во семејна винарија Арабеска во Кавадарци

Остави ги настрана секојдневните обврски и дозволи му на твоето непце да отпатува на

од 2200ден

Купи ваучер

1. Изберете ваучер
2. Додадете пакување
3. Напишете желба

Идеален за подарок или во случај ако сакате да побарате резервација подоцна.

Купи и резервирај

1. Изберете ваучер
2. Побарајте резервација
3. Платете лесно онлајн

Ќе ги видите следните чекори за да ја потврдите вашата резервација.

Плати со ваучер

Имате ваучер за некое друго доживување? Внесете го кодот на ваучерот и побарајте резервација за ова доживување.
Got a discount code? Use it during checkout.