Охридското Езеро нуди уникатна можност да се поврзеш со природата и да ги истражиш нејзините најскриени убавини.
СУП (Stand-Up Paddleboard) и Кајак турите се дизајнирани за секој што сака авантура, мир и истражување.
Како се одвива СУП турата?
Турата започнува од плажа Канео, каде инструкторот те запознава со техниките за управување со даската.
Патувањето трае два часа и опфаќа рута низ најубавите делови на езерото – Канео, Лабино и Стариот град.
Инструкторот ќе биде до тебе за да обезбеди безбедност и корисни совети, а исто така да направи фотографии и видеа за тебе.
Како изгледа Кајак турата?
Кајак турите исто така започнуваат од плажа Канео и траат два часа.
Веслај низ езерото, запознај ги неговите природни и историски знаменитости, додека уживаш во поддршката и насоките од инструкторот, коj исто така ќе направи фотографии и видеа за тебе.
Без разлика дали си почетник или искусен кајакар, оваа тура е создадена за сите нивоа.
Зошто да одбереш вакво доживување?
И СУП и Кајак турите нудат посебен начин за откривање на убавината на Охрид.
Придружени со професионален инструктор, ќе почувствуваш сигурност и релаксација додека истражуваш.
Дополнително, добиваш фотографии и видеа како спомен од ова автентично искуство.
Започни авантура што ќе ја паметиш!
Купи ваучер за СУП и Кајак тури на Охридското Езеро и подари си или на своите блиски незаборавно доживување.