Замисли јога платформа која се ниша над кристалните води на Охридското Езеро.
СУП Јога е доживување кое комбинира духовна и физичка хармонија, додека истовремено го тестираш твојот баланс и сила.
Со поддршка од професионален инструктор, оваа јога е идеална за сите – од оние што првпат пробуваат јога до искусни практиканти.
Како се одвива сесијата?
Сесијата започнува со кратка обука за управување со СУП даска, каде инструкторот ќе ти покаже како безбедно и лесно да се движиш.
По ова, даските се укотвуваат на специјална јога платформа на вода.
На располагање имаш 1 час јога, со лесни и прилагодени вежби.
По завршувањето, добиваш дополнителен час за индивидуално користење на даската – совршено за фотографирање или уживање.
Каде се одвива?
СУП Јогата се одвива на една од најубавите локации на Охридското Езеро – плажа Канео.
Можеш да уживаш во мирната природа и спектакуларниот поглед на езерото.
За кого е погодна оваа активност?
Ова доживување е идеално за индивидуалци, парови, па дури и за тимбилдинзи.
Погодна е за сите возрасти, почнувајќи од 6 години.
Препушти се на природата и создај момент на вистинска хармонија со СУП Јога.
Купи подарок ваучер за себе или блиските и уживај во ова уникатно доживување!