Наменета за секого, од почетници до оние кои сакаат благ интензитет на уживање, оваа масажа е вашата влезница во светот на релаксација.
Секоја масажа започнува со краток разговор со масерот кој ќе ви помогне да се опуштите, а тој ќе се увери дека третманот со масажата ќе биде прилагоден токму на вашите потреби. Без разлика дали ќе изберете 30, 45 минутен или 1 часовен третман, се обезбедува индивидуален пристап и атмосфера која овозможува целосно опуштање. Масажите се изведуваат во пријатна и топла атмосфера, во простории кои зрачат со мир и спокој.
По завршувањето на масажата ќе почувствувате значително намалување на мускулната напнатост и подобрување на општото чувство на удобност. Ова доживување не само што ќе го намали стресот, туку и ќе го подобри вашето спиење и ќе ја зголеми вашата енергија.
За да уживате во оваа масажа, потребно е да направете резервација 2-3 дена претходно. Доколку имате потреба да ја откаже или промените вашата резервација, можете да го направите тоа без никаков проблем во рок од 24 часа пред закажаниот термин.