Сместен во атарот на Националниот парк Галичица, „Пирустија Неданоски“ те пречекува со топлина и автентично македонско гостопримство.
Утрините ќе ги започнеш со свежо подготвен доручек од локални специјалитети како мекици, таранерник и домашен ајвар, сè што ќе те врати во времето на традицијата.
Ова рурално доживување е идеално за љубители на природа, фамилии со деца, но и за оние кои копнеат за мир и опуштање далеку од градската врева.
Додека уживаш во свежиот планински воздух, ќе го запознаеш животот на македонското село одблизу.
Преноќевањето е во комфорни трикреветни соби, опремени со сите неопходни удобности како клима уред, телевизор и бесплатен Wi-Fi.
Секој ден е нова авантура – од прошетки до прекрасни предели на Галичица, до релаксирање со кафе наутро и незаборавни вечери со традиционални специјалитети.
Дополнително можат да се организират часови за подготовка на македонска традиционална храна – „Учиме да сучиме“ (достапно од мај до октомври).
Часот за подготовка на македонското традиционално јадење (комат, кошмишпите, бовчи, преснец) преку учествуво во сите процеси (замесување на тестото, сучење, подготовка на филот, печење на стар традиционален начин, на пирустија со сач), домашна сакуска од традиционални стартери (грисини од интегрално брашно со семки, пржени тиквички, макало од лук, ајвар, парче сирење, ракија, свежа салата од градината, апетисани, маслинки, пржени печурки, домашно слатко од цреши или смокви, домашен сок), па по печењето на традиционалниот оброк, негово послужување со домашно вино или кисело млеко, а за крај парче домашна торта и кафе.
Не чекај – резервирај го твоето доживување во село Рамне и вклучи го руралниот шарм во твојот следен одмор!