Тандем параглајдингот е најлесниот начин да почувствуваш како е да се лета – без потреба од претходно знаење, само со желба за авантура!
По пристигнувањето на договореното место, организираниот превоз ќе те однесе до полетувалиштето.
Пред самиот лет, ќе поминеш кратка обука од 10 минути каде што инструкторот ќе ти објасни сè што треба да знаеш.
Полетувањето е лесно – неколку чекори и веќе си во воздух!
Во зависност од временските услови, летот трае од 10 до 20 минути.
Летовите се изведуваат од Галичица или Јабланица, а секој миг во воздухот е вистинска разгледница – поглед на длабокото сино езеро, планинските предели и шармантниот Охрид.
Доживувањето завршува со безбедно слетување, каде што ќе те пречека тимот со подготвени фотографии и видеа од твојот лет.
Освен параглајдингот, ќе имаш можност да уживаш во возбудлива џип сафари тура низ природните убавини на овој регион!
Тандем лет со параглајдер над Охрид и Охридско Езеро е совршена авантура за:
- Индивидуалци кои сакаат да го почувствуваат небото!
- Парови кои бараат романтично и уникатно искуство!
- Семејства и пријатели кои сакаат незаборавен ден!
- Тим билдинг активности за колеги што сакаат заедно да го доживеат ова возбудливо летечко патешествие!
Подари ваучер за незаборавен лет со параглајдер!
Доколку бараш совршен подарок за некој авантурист, тандем параглајдингот е избор што никогаш нема да биде заборавен!
Резервирај веднаш на gifto.mk и подари му на некого чувство на вистинска слобода!