Замисли го моментот – базен со џакузи, Финска сауна, топли лежалки и музикотерапија за совршена релаксација.
Во оваа ексклузивна атмосфера ќе можеш да уживаш во освежителни коктели и вина, додека славиш и создаваш спомени што ќе траат цел живот.
Оваа девојачка вечер е создадена за групи од минимум 10 до максимум 20 луѓе, кои ќе ја имаат на располагање целата СПА просторија.
Со времетраење од 5 часа, ова е вистинската можност за дружба, смеа и подготовка за новото поглавје во животот.
СПА центарот нуди современа опрема, релаксирачка атмосфера и услуга која ќе ги надмине твоите очекувања.
Вината и коктелите, како мохито и Cuba Libre, додаваат нота на гламур, правејќи го настанот вистинско доживување.
Оваа девојачка (моминска) вечер во Скопjе ќе биде незаборавна.