Вода + брзина = совршена авантура
Замисли како го чувствуваш ветрот во косата и капките од езерото на твоето лице додека леташ низ водената огледална површина на Охрид.
Jetski возењето е доживување полно со енергија, слобода и авантура што ќе го разбуди твојот дух.
Совршено за љубителите на акција, за парови кои сакаат заедничка возбуда или за пријатели што сакаат да си подарат нешто незаборавно.
Подарок што навистина ќе се памети.
Како се одвива авантурата?
Доживувањето започнува на прекрасната плажа кај Долно Коњско.
Од таму, те чека твојот jetski и кратка инструкција од страната на партнерот – доволно да се чувствуваш сигурно и подготвено.
Без грижи, управувањето е интуитивно и лесно дури и за почетници.
Избери колку долго сакаш да трае твоето водено доживување – 15, 30 минути или цел час.
Може да се возиш сам или заедно со уште еден пријател.
Во двојка, доживувањето може да се подели – прво вози едниот, па другиот.
Слободата е во твои раце.
Jetski возењето е достапно цела година, но највозбудливо е токму во летните месеци – во Јули и Август, дозволено е возење само до 12h и по 18h, кога езерото е најмирно и пријатно.
Во останатите месеци – целодневно.
Подари водена авантура што ќе ја памети засекогаш
Овој ваучер е идеален подарок за родендени, годишнини, летни одмори, па дури и како изненадување за викенд во Охрид.
Подари доживување кое ќе ја разбуди секоја клетка!
Влези на gifto.mk и резервирај авантура за тебе или за некој што го сакаш.