Има ли подобар подарок од мир, чист воздух и време поминато со луѓето кои ги сакаш?
Ова планинско доживување до Делчево е создадено да ги исполни твоите денови со спокој, забава и срдечни разговори.
Без разлика дали бараш романтичен побег во двојка, весела семејна авантура или приватна локација за мирен тимбилдинг, ова место ја нуди вистинската магија за секоја пригода.
Објектот нуди идеален капацитет за престој на 6 до 8 лица.
Внатрешноста е распоредена во три соби: една комфорна соба со брачен кревет и две соби со по два единечни кревети кои по потреба лесно се спојуваат.
Во пространиот дневен престој се наоѓа удобна гарнитура каде што можат комотно да преноќат уште две лица.
Вилата има 2 комплетно опремени купатила и перална.
Во текот на денот, можеш да уживаш во истражување на околната природа, да организираш пикник или едноставно да се опуштиш во тишината што ја нуди планинскиот амбиент.
Сопствениот паркинг со капацитет за 8 до 10 возила гарантира потполна безбедност и удобност за сите гости кои пристигнуваат со сопствен превоз.
Авантурата е достапна во текот на целата година, па можеш да ја искусиш зимската идила или летната свежина во подножјето на планината.
Не чекај посебен повод за да создадеш нови спомени.
Изненади ги саканите или награди се себеси со незаборавни момента во природа.
Купи подарок ваучер за ова омилено планинско доживување и започни да го планираш твојот одмор веднаш!


