Етно куќата и ресторанот “Серменински Чардак”, сместен во срцето на Кожуф планина, ви нуди уникатно доживување кое вклучува сместување со дегустација на домашна храна и вина.
Подарете си моменти на мир и спокој во амбиентот на природна убавина, каде единствениот звук е мелодијата на птиците и жуборење на реката.
Идеално за секого кој сака да побегне од градската врева и да се поврзе со природата.
Вашето доживување започнува со сместување во удобните и топли двокреветни или четирикреветни соби, секоја од кои располага со неповторлив поглед кон планината.
Од терасата ќе можете да уживате во моментите на изгрејсонцето додека го дегустирате највкусниот појадок, подготвен од домашни намирници.
Изберете помеѓу класичното, веганското или вегетаријанското мени и дозволете секое јадење да ве одведе на гастрономското патување низ традиционалната македонска кујна.
А по појадокот авантурата може да започне!
Ќе имате можнот да ги истражите обележаните планинарски патеки, да уживате во возењето велосипед или да ги посетите водопадот Вера и манастирот Св. Илија.
А навечер, по исполнетиот ден со нови впечатоци, вратете се во удобноста на вашата соба или сместете се на терасата, впивајќи ги звуците на природата додека уживате во чаша вино.
Дополнително е достапна опциjа за екскурзиjа во околината на селото Серменин и дегустација во ресторан Серменински Чардак на Кожуф планина со можност да нарачате печено јагне под вршник.
Изберете соодветен подарок ваучер за ова доживување. Тоj вклучува следното доживување:
Првата станица е величествениот водопад Вера, каде ќе се освежиш со звукот на природата. Продолжи кон црквата Св. Георгија, вистински пример на македонското културно наследство. Посетата на пчеларската фарма ќе ти покаже како се произведува најчистиот мед и ќе те поттикне да го почувствуваш автентичниот дух на македонското село.
По екскурзијата, вкусовите на македонската традиционална кујна ќе те однесат на едно сосема ново ниво. Дегустирај специјалитети кои го опишуваат богатството на нашата гастрономија – баница, бубарник, макала, домашно сирење, раванија со слатко од диви смокви и уште многу. Сето тоа дополнето со домашно подготвени пијалаци – планински чај, сокови, ракија и вино.
Опциjа за екскурзиjа во околината на селото Серменин и дегустација во ресторан Серменински Чардак е достапна минимум за 4 лица, максимум за 80 лица во зима и до 150 лица во летен период.