Ако природата ти е сè, а дружбата под отворено небо – најголем луксуз, ова доживување е создадено за тебе.
Пикникот во М Адвентуре парк, на зелените падини на Осоговските планини до Крива Паланка, е совршена прилика за авантура со друштво, семејство или романтичен бег од градот.
Без разлика дали славиш роденден, годишнина или едноставно сакаш да се исклучиш од технологијата – ова е твоето место.
Пикникот се одвива во природен амбиент подготвен за целосно уживање.
Те очекува комплетна опрема: маса за пикник, шатори за ноќевање, удобни lazy bag перничиња, хамаци, озвучување и скара.
Можеш да донесеш своја храна или да нарачаш од локални ресторани – со достава со доплата по симболична цена на лице место.
Атмосферата е збогатена со друштвени игри: шах, пикадо и други изненадувања.
Паркинг има, а времето на пристигнување и заминување се договара директно со партнерот кога ќе барате резервацијата на вашиот ваучер.
Подари природа, подари дружба!
Подари доживување што не се заборава!
Совршен ваучер за парови, пријатели, тимбилдинзи или семејни собири.
Пикникот на Осоговските Планини е идеален избор за секој што сака малку мир, малку планина, и многу спомени.
Купи подарок ваучер преку gifto.mk – и подари незаборавна емоција!