Ноќевање во етно стил, обука и јавање коњи на Гара Ранч, Демир Хисар

Гара Ранч, Демир Хисар
1 ден
ID48834

Ноќевање во етно стил, обука и јавање коњи на Гара Ранч, Демир Хисар

Побегнете од градската гужва и поминете време во автентичен етно амбиент на Гара Ранч во Демир Хисар.

Изберете ноќевање во една од трите соби или јавање коњи – за почетници во затворен простор или за лица со претходно искуство на отворен простор.

Гостите кои ќе изберат ноќевање имаат можност и за утринско дружење со коњите, со можност по желба да ги нахранат, исчешлаат и да поминат време со нив.

Подарете го ова доживување на својот близок или побарајте резервација сега!

персонализиран ваучер
купи и резервирај
Имате ваучер?
Испорака преку е-пошта 24/7
Брза достава со курир
Валидност од 12 месеци
Политика за враќање од 14 дена

Ноќевање во етно стил, обука и јавање коњи на Гара Ранч, Демир Хисар

Разбудете ги вашите сетила во автентичен етно-амбиент и доживејте го вистинскиот живот на ранч!
Започнете го денот со посебна емоција преку утринска дружба, хранење и грижа за благородните коњи!
Подарете им на најдрагите бегство во природа и резервирајте ваучер за доживување уште денес!
Понесете си удобна спортска облека и долги панталони специјално за активностите околу коњите.
Подгответе си ги омилените намирници за готвење во етно-кујната или однапред разгледајте го менито за достава од блиската пицерија.

Понесете фотоапарат или мобилен телефон за да ги забележите сите прекрасни утрински моменти со животите на ранчот.

Подетално за доживувањето

Автентичен престој на ранч

Гара Ранч во Демир Хисар нуди можност за поинаков одмор во мирен рурален амбиент, со престој во објект уреден во традиционален етно стил и директен контакт со коњите.

За ноќевање се достапни три соби – две двокреветни и една соба со едно легло, со вкупен капацитет до 5 лица. За деца до 5 години ноќевањето е бесплатно.

На гостите им стои на располагање и функционална кујна за самостојно подготвување оброци.

Посебно доживување за гостите е утринското дружење со коњите, кое е вклучено во цената на ноќевањето. По желба, гостите можат да ги нахранат, исчешлаат и да поминат време со коњите.

Во близина на ранчот, на околу 3 km, се наоѓаат пицерија со можност за достава до ранчот и детска игротека.

Јавање коњи

На Гара Ранч е достапно јавање коњи за почетници, како и за лица кои веќе имаат поминато школа за јавање.

Јавање за почетници:
30 минути јавање во затворен простор на воспитани коњи.

Јавање за лица со претходно искуство:
Околу 1 час јавање на отворен простор.

Двете активности се достапни во текот на целата година, со претходна резервација.

За кого е ова доживување?

Понудата е погодна за љубителите на коњи, природата и руралниот амбиент, како и за семејства, парови, пријатели и сите кои сакаат да поминат време во поинаква средина.

За ноќевање максималниот капацитет е 5 лица, додека јавањето е достапно за минимум 1 и максимум 3 лица.

Услови

Работно време: Услугата е достапна во текот на целата година, со пристигнување и заминување во претходно договорен термин.
Резервација: 3 дена однапред/откажување 1 ден.
Вклучено
  • За ноќевање: Ноќевање во етно-соби, користење на активна кујна, утринска дружба, хранење и чешлање на коњите.
  • За јавање: Јавање коњи според избраниот ваучер, пијалак и кафе.
  • Бесплатен паркинг под видео надзор.

Совети

За активностите и дружењето со коњите задолжително е носење на долги панталони или тренерки.
За ноќевање: Резервацијата е задолжителна најмалку 3 дена пред пристигнувањето. За јавање: 1 ден порано.
Објектот располага со сопствен паркинг кој е обезбеден и под постојан видео надзор.

Најчесто поставувани прашања

Биди модерен, подари ваучер

По е-пошта – 24/7!

Изберете електронски ваучер и ќе го добиете веднаш по завршувањето на нарачката. Добијте 30 денари попуст за секој е-ваучер.

E-mail честитка

На наведениот ден, на примачот ќе му испратиме празнична поздравна е-честитка, со ваша желба и ваучер за незаборавно доживување.

Хартиен ваучер за подарок

Испечатен на дебела хартија, сместен во луксузна кутија за подарок, овој ваучер ќе ви биде испратен со курирска компанија на домашната адреса или на работното место.

Купи ваучер

1. Изберете ваучер
2. Додадете пакување
3. Напишете желба

Идеален за подарок или во случај ако сакате да побарате резервација подоцна.

Купи и резервирај

1. Изберете ваучер
2. Побарајте резервација
3. Платете лесно онлајн

Ќе ги видите следните чекори за да ја потврдите вашата резервација.

Плати со ваучер

Имате ваучер за некое друго доживување? Внесете го кодот на ваучерот и побарајте резервација за ова доживување.
Got a discount code? Use it during checkout.

Купи ваучер

1. Изберете ваучер
2. Додадете пакување
3. Напишете желба

Идеален за подарок или во случај ако сакате да побарате резервација подоцна.

Купи и резервирај

1. Изберете ваучер
2. Побарајте резервација
3. Платете лесно онлајн

Ќе ги видите следните чекори за да ја потврдите вашата резервација.

Плати со ваучер

Имате ваучер за некое друго доживување? Внесете го кодот на ваучерот и побарајте резервација за ова доживување.
Got a discount code? Use it during checkout.