Кампувањето во М Адвентуре Парк е идеален избор за љубителите на природа, чист воздух и незаборавни моменти.
Без разлика дали бараш мирно бегство или активна авантура со пријателите, ова доживување нуди сè – од hammock чилање до ноќни филмски проекции под отворено небо.
Одличен подарок за родендени, годишнини, или само затоа што ти треба бегство од градот.
Сместен длабоко во Осоговските Планини, блиску до Крива Паланка, М Адвентуре Парк нуди уникатна локација со сета потребна инфраструктура.
Кампот е опремен со шатори за спиење, lazy bag, хамоци, озвучување, маса за пикник и стрелаштво со лак.
Без потреба сам да носиш ништо – сè те чека подготвено.
За љубителите на храна има можност да донесеш своја или да нарачаш од локален ресторан со достава.
Денот ќе ти мине во релаксација, играње шах, пикадо и останати друштвени игри.
А навечер – кино под ѕвездите.
Сето тоа го прави ова кампување совршено и за романтичен викенд, фамилијарен излет или тимбилдинг со пријателите.
Со минимално учество од само две лица, добиваш приватност, удобност и автентична планинска авантура.
Има можност да донесеш сопствен шатор (опција) или да го користиш целиот камп со опремата од партнерот.
Времетраењето е до 24 часа престој, а резервацијата е едноставна – потребно е само 2 дена однапред.
Резервирај го твоето планинско бегство!
Не ја пропуштај шансата да се поврзеш со природата и да создадеш сеќавања што ќе ги паметиш цел живот.
Кампувањето е идеален подарок за себе или некој драг – докажи дека најубавите подароци не се во кутии, туку во доживувања.
Купи ваучер на gifto.mk и започни ја твојата следна авантура.