Доживување што не се заборава
Сонцето нежно ти го милува лицето, водата блеска како скапоцен камен, а ти со чаша вино во рака уживаш во магијата на Охридското Езеро.
Дали можеш да замислиш поубав начин да поминеш ден?
Ова доживување е идеално за романтични парови, семејства, пријатели или тимбилдинг со колеги.
Избери помеѓу различни тури и направи си го денот совршен!
- Приватна целодневна тура (10:00 – 17:00) – Совршена за оние што сакаат целосно да се препуштат на пловидбата.
- Приватни тури (1, 2 или 3 часа) – Разглед на стариот дел на Охрид, Вила Тито или тура до Заливот на коските.
- Групна тура до Свети Наум (6 часа) – Сподели ја магијата со други љубители на авантури.
Со максимален капацитет од 11 лица, ова е приватно и комфорно крстарење, но доколку сте поголема група, партнерот може да организира повеќе бродови.
Децата се добредојдени, со задолжително присуство на родител.
Тргнувањето е најчесто од Кејот во Охрид (пред ресторан „Белведере“), но може да се договори и друга локација.
Подари доживување, создади спомени!
Зошто да подариш обичен подарок кога можеш да подариш магична пловидба?
Ова е совршен ваучер за годишнини, родендени, прослави или едноставно како знак на внимание за некој специјален.