Ова возбудливо патување ќе те однесе низ природни предели што 95% од турите се офроуд, што значи дека адреналинот е загарантиран!
Ќе застанеш на места од каде што се открива прекрасниот поглед на Скопје, а сите незаборавни моменти ќе бидат документирани од професионалниот водич, кој ќе снима и слика во текот на целото доживување.
Офроуд турите доаѓаат во две верзии:
- Тура 1 (25 км, 2 часа) – Совршена за оние кои сакаат побрзо, но сепак возбудливо доживување. Ќе поминеш 25 км низ ридско-планински терен, со само кратки паузи за уживање во погледот и фотографирање.
- Тура 2 (50 км, 4 часа) – За оние кои сакаат да ја продлабочат авантурата, оваа тура ќе те одведе до Милениумскиот Крст, возејќи низ патеките на планината Водно. Погледите и адреналинот се загарантирани, а ова подолго доживување е идеално за авантуристи со повеќе енергија.
Водичот ќе се погрижи за твојата безбедност и уживање, давајќи ти инструкции за возење АТВ и те води низ предизвиците на патеките.
На крајот од турите ќе добиеш снимки и фотографии, за да ги зачуваш сите моменти од оваа авантура.
Резервирај сега и доживеј адреналинска офроуд авантура што ќе ја паметиш засекогаш!