Ноќевањето во Jovanov Residence & Remote Paradise е вистинско доживување за сите што копнеат по мир и спокој.
Лоцирана во магичниот предел на Долна Матка, оваа вила нуди интимност, комфор и глетки што ќе ти го стопрат здивот.
Идеално место за романтичен викенд со партнерот или фамилијарен одмор со најблиските.
Доживувањето започнува уште од моментот кога ќе пристигнеш – приватен паркинг, уреден двор и свеж планински воздух.
Внатре те пречекуваат удобни легла за до 6 лица, две купатила, целосно опремена кујна, и грејна атмосфера со камин на дрва која создава чувство како од филм.
На балконите можеш да испиеш кафе со поглед кон Треска и Водно – чиста магија.
Партнерот нуди и супер бонус – сопствен интернет и Нетфликс за совршени вечери под ќебе.
Без гужви, без комшии, само ти и твојата приватна оаза.
Вилата се изнајмува целосно само за тебе, така што приватноста е загарантирана.
Доживувањето е достапно преку целата година, за минимум две ноќи.
Без разлика дали ти треба викенд за ресетирање или тивок роденден во природа, оваа вила е полн погодок.
Одлична идеја и за подарок – Gifto ваучер за вистинско бегство од секојдневието!