Доживување што го освојува срцето – веслај, вдишувај, уживај!
Ако ти треба бегство од секојдневието, ова доживување е како создадено за тебе.
Изнајми СУП даска или кајак и почувствувај го Велешко Езеро со сите сетила.
Бранчињата под тебе, сонцето над тебе, а ветрот во косата – токму она што го заслужуваш.
Ова доживување е идеално за љубителите на природа, водени спортови, авантура и добро друштво. Совршен избор како подарок за родендени, прослави, годишнини или тимбилдинг за цела екипа.
Изнајмувањето е флексибилно – одбери 2, 3 или 4 часа или уживај цел ден (24 часа).
Партнерот располага со 12 СУП даски и 3 двосед кајаци, што значи има простор и за поголеми групи и тимбилдинзи.
Без разлика дали си почетник или веќе си “мајстор на веслото“, добредојден си!
Единствено важно е да знаеш да пливаш и да не надминуваш 120 кг телесна тежина.
Локацијата е прекрасно Велешко Езеро, но по договор можеш да организираш и излет на друга локација низ Македонија – фантастична можност за авантуристи!
Ова доживување е достапно од мај до октомври.
Траењето зависи од избраниот пакет, а се што треба да направиш е да пристигнеш 15 минути порано, со шорц, купаќи и капа.
Покрај адреналинската авантура, можеш да доплатиш на лице место за пикник – зошто да не ја крунисаш водената прошетка со вкусна храна и пријатно друштво?
Подари авантура, не предмет!
Резервирај СУП даска или кајак преку ваучер од gifto.mk и овозможи незаборавен ден на вода.
Одличен избор за подарок (поклон) за себе или за саканите – затоа што доживувањата се тие што се паметат!