Возењето се мери со најсовремен и софистициран софтвер за дигитално мерење на време, овозможувајќи ти да ги споредуваш твоите резултати со резултатите на пријателите и да ги подобриш во следно возење.
Достапни се различни опции на времетраење на возење – од кратки и возбудливи возења од 10 минути, до продолжени сесии од 30 минути, вклучувајќи ја и можноста за возење на двосед картинг.
Не дозволувај да си поминеш уште еден монотон ден! Резервирај го своето место на картинг патеката и подготви се за авантура која ќе ти го раздвижи адреналинот и ќе те наполни со енергија.
Без разлика дали си во потрага по идеален подарок или сакаш да се наградиш со незаборавно доживување, картинг авантурата е секогаш добар избор.


