Замисли го следново: тишина на планината, ритмично чекорење на коњот и воздух полн со борова свежина.
Осоговските планини те повикуваат на доживување какво што ретко се среќава – јавање коњи по патеки обвиени со шуми, езерца и панорамски врвови.
Без разлика дали си страствен љубител на природата, трагач по нови авантури или едноставно сакаш да избегаат од секојдневието – ова е идеален начин.
Совршено доживување за роденден, Денот на вљубените, или едноставно – затоа што сакаш и можеш!
Избери меѓу неколку уникатни тури:
-
Царев Врв (5-6 часа) – оваа целодневна тура е вистинска авантура! Потребна е добра кондиција, но за возврат ќе добиеш спектакуларни глетки, чувство на слобода и задоволство кое останува.
-
Калин Камен (3 часа) – јавање низ густи шуми до врвот каде што се среќаваат природата и културното наследство. Патека за душа и мисла.
-
Планинско езеро (1ч 30мин) – мирна и лесна тура, идеална за парови кои сакаат да се поврзат со природата и еден со друг.
-
Шумски патеки (30 мин – 1 час) – кратки, но исполнети со сѐ! Совршени за почетници, семејства со деца и оние што сакаат првпат да се качат на коњ.
Сите тури се организирани од искусни инструктори, коњите се тренирани и мирни, а опремата е обезбедена.
Безбедноста и уживањето се секогаш приоритет!
Ова не е само прошетка со коњ – ова е нов начин на поврзување со природата, со себе и со оние што ги сакаш.
Подари доживување што остава траен впечаток – резервирај ваучер на Gifto.mk и подари авантура што се памети!