Ова доживување е за сите кои сакаат да го направат следниот чекор и да станат вистински голф играчи!
Школата за Зелена Голф Карта е структуриран курс што опфаќа сè што ти треба за да стекнеш знаење, сигурност и официјална дозвола за играње на терени во Македонија и надвор од неа.
Под водство на искусни инструктори со меѓународни лиценци, ќе поминеш низ 10 часа настава – 1 теоретски и 9 практични – во кои детално се обработуваат правилата, техниките на удари, користење на различна опрема и course management.
Доживувањето се прилагодува според твојот распоред – можеш да го завршиш како интензивен курс во 2 дена, или да го распоредиш низ 5 дена со поудобно темпо.
Во курсот се вклучени сета потребна опрема, топчиња и тренажни помагала.
Може да учествуваш сам или со група – цената станува пониска со секое ново лице, што го прави ова доживување идеално за семејства, пријатели или колеги.
Максимум 8 лица во група.
На крајот од курсот, добиваш официјален сертификат и зелена карта – доказ дека си подготвен/а да застанеш на секој терен, било каде во светот.
Ова не е само спорт, туку уметност на трпение, стратегија и фокус.
Подари си себеси или на некој близок нова титула – аматерски голфер!
Ова доживување е совршен подарок за роденден, годишнина, нова фаза во животот или едноставно – за себе.
Резервирај сега и направи ги првите чекори кон светот на голфот со зелена карта во џеб!