„Paint & Sip – Paint & Wine“ е доживување коешто ги спојува уметноста и забавата на едно место – со чаша вино, одлична музика и водство од искусен уметник, ќе можеш да создадеш свое уметничко дело на платно.
Без разлика дали си искусен уметник или jа земаш четката првпат, ова доживување е совршено за секого.
Идеално е за дружење со пријатели, славење на посебни моменти или едноставно за бегство од секојдневието.
Како се одвива доживувањето?
Франклин Бар & Кичен создава совршен амбиент за твојата уметничка авантура.
Уметникот кој ќе те води низ целиот процес ќе ти ги објасни техниките на сликање, додека уживаш во чаша квалитетно вино.
Материјалите за сликање се обезбедени – платно, бои, четки, се што ти е потребно за да ја изразиш твојата креативност.
Вечерта трае околу 2 часа, доволно време да ја завршиш твојата слика додека се опушташ со музика и добро друштво.
Ова доживување е достапно цела година, еднаш месечно или по договор за групи од 8 или повеќе лица.
Можеш да се придружиш на група од индивидуални учесници, а доколку собереш група од 8 пријатели, организаторот ќе организира приватно доживување само за вас.
Важно е да знаеш дека доколку си под 18 години, наместо вино ќе добиеш вкусен сок.
Најмалата препорачана возраст за учество е 18 години заради сервирањето на алкохол.
Спреми се за вечер полна со релаксација, инспирација и добро расположение!
Купи ваучер и подари си уникатно доживување кое ќе го запомниш засекогаш, или изненади некого со совршен подарок.