Идеално за групи до 20 лица, со можности за сместување, ова доживување е совршен избор за авантуристички души жедни за нови искуства.
Твојата авантура започнува со кратка обука од искусен водич кој ќе те запознае со сè што треба да знаеш пред да ја преземеш контролата над ATV-то. Потоа, со водичот предводник, ќе се упатиш кон неверојатните патеки на Галичица, возејќи се низ бреговите и шумите што го прават овој национален парк еден од најубавите во Македонија.
Доживувањето трае доволно долго за да можеш целосно да се оддалечиш од секојдневието и да се поврзеш со природата.
Не чекај предолго! Возењето ATV во Национален Парк Галичица е авантура која го менува твојот поглед кон природата и авантурите. Ревервирај веднаш и подари си едно незаборавно доживување или подари радост на некој твој близок.
Твојата следна авантура те чека!