Откажување на купување
Почеток »Плановите се менуваат и тоа е нормално. Можете да го искористите вашето право да го откажете купувањето во рок од 14 календарски дена по направеното купување.
Се враќа само вредноста на ваучерот, со исклучок на подарочното пакување.
Правото за откажување не важи доколку ваучерот е веќе искористен за барање за резервација.
Трошоците за испорака и пакување не се враќаат.
Нема поврат на средства за стоки направени по индивидуална нарачка на клиентот или кои имаат краток рок на траење или не можат да се вратат поради хигиенски причини (пакување, картички, ќесиња, цвеќиња, бонбони итн.).
Поврат на средствата се врши само на сметката на купувачот на ваучерот.
Парите се префрлаат само на денарска сметка во македонска банка.
Барањата се обработуваат во рок од 7 работни дена.
Поврат на средствата се врши во рок од 14 дена.
Се прифаќаат само барања поднесени преку пополнување на соодветниот формулар за поврат на средства, а не преку телефонски разговор или порака испратена преку е-пошта.
Ако сте платиле со платежна картичка, можете да побарате поврат на средствата на истата картичка.
Формулар за поврат на средства
Прашања и Одговори
-
Го пополнив формуларот, но не добив одговор
Проверете дали се поминати 7 работни дена, проверете ја вашата папка СПАМ. Доколку сепак не сте добиле одговор – контактирајте нè на [email protected]
- Сакам да го откажам купувањето
- Моето доживување беше откажано од организаторот
- Нема објавени датуми за моето доживување
- За моето доживување нема датуми кои би ми одговарале