Новогодишната фотосесија е совршено доживување кое ќе ја зачува празничната магија на едни од најубавите моменти во годината.
Сесијата е идеална за семејства со деца, од најмалите бебиња до постарите деца, без ограничување на возраста.
Фотографирањето се одвива во професионално уредено студио во Скопје, со тематска новогодишна декорација која ќе ги направи фотографиите волшебни.
Сесијата трае околу 30 минути, доволно време за да се фатат најубавите моменти, додека децата се чувствуваат удобно и природно пред камерата.
По завршувањето, ќе добиеш 10 испечатени фотографии од најдобрите моменти, спакувани во новогодишен албум со тврди корици.
Дополнително, добиваш и зиден календар персонализиран со вашите фотографии – идеален за украсување на вашиот дом или како подарок за баби и дедовци.
Сите фотографии ги добиваш дигитално, професионално обработени и во висока резолуција.
Не чекај до последен момент – резервирај ја својата новогодишна фотосесија уште денес и овековечи ги најубавите празнични мигови.
Подари си радост која ќе трае цела година!