Како изгледа доживување – Целодневна кајак тура на Охридското Езеро со вклучен ручек?
Денот започнува во 09:00 часот во Пештани, каде што се собира групата.
По кратки инструкции, се впушташ во кајакарска авантура што те води низ најубавите предели на Охридското Езеро.
Со тебе ќе биде искусен водич кој ќе ти помогне, без разлика дали си почетник или веќе имаш искуство со кајак.
Турата трае до 15:00 часот, при што ќе имаш доволно време за уживање во мирот на природата.
Ќе направиме неколку кратки паузи за одмор и освежување со флаширана вода и овошје.
Ова е идеално време за фотографирање, бидејќи пејзажите се навистина магични.
Кога ќе пристигнеме на крајната дестинација, ќе следува совршен завршеток – ручек во ресторан со свежа салата, главно јадење и вкусен десерт.
Пијалоците не се вклучени, па можеш да си одбереш што ти одговара.
Оваа тура е идеална за сите – парови што сакаат романтично бегство, семејства со деца (минимална возраст 5 години со родител), пријатели што бараат активна дружба или љубители на природата што сакаат да уживаат во вода.
Резервирај и заплови во нова авантура!
Не чекај повеќе!
Купи ваучер за себе или подари незаборавно доживување на некого што го сакаш.