Центар за корисници

Почеток » Центар за корисници

Во Gifto можете да изберете стотици незаборавни доживувања!

Секое од нив можете да го купите со помош на ваучер, кој можете да го искористите лично или да го подарите на некој близок.

Вие го купувате ваучерот, а примачот го избира датумот на доживувањето.

Промени резервација

Како да ја откажам или да ја променам направената и потврдената резервација?

Промени резервација

За откажување или промена на резервацијата, мора директно да контактирате со организаторот. Информација за контакт може да се најде во условите на вашата резервација.
Замена на доживување

Вашиот ваучер може да се искористи за секое доживување во Gifto.

Замена на доживување

Ви се допадна некое друго доживување од нашите понуди? Едноставно искористете го вашиот ваучер при плаќање за која било друга услуга на нашиот сајт.

Најчесто поставувани прашања

Како функционира Gifto?
Со купување на ваучер можете да купите какво било доживување од нашиот каталог. Со овој ваучер можете да направите резервација на доживувањето или да го подарите на друго лице. Потоа тој избира кога да го искористи подареното доживување и самиот ја прави резервацијата.

Можам ли да го заменам доживувањето за друго?
Ако сè уште не сте направиле резервација, можете да го искористите вашиот ваучер за да купите какво било доживување од каталогот на нашиот веб-сајт. Доколку постои разлика во цената, ќе можете да ја доплатите разликата, или разликата во цената ќе остане како салдо на вашата сметка при следното купување на ваучер.

Каде можам да ги видам достапните датуми за доживувања?
Достапните датуми, работното време на организаторот и сезонските услови се наведени во условите за секое одделно доживување. За некои доживувања нема објавени датуми, но тие се реализираат на барање на клиентот или кога ќе се исполни одреден број на учесници.
Доколку имате ваучер, одете на страната Мој ваучер и внесете го неговиот број.
Доколку сè уште немате ваучер, но сакате да бидете сигурен дека доживувањето може да се реализира на одреден датум - испратете ни барање за проверка на достапните датуми пополнувајќи го овој формулар.
Ние ќе провериме кај организаторот и ќе го резервираме датумот во период од 24 часа за да можете да купите ваучер и да направите резервација.

Кое е вашето работно време?
Работиме со клиенти од понеделник до петок од 10:00 до 14:00 часот во работните денови. Нарачките примени по 14:00 часот се обработуваат следниот работен ден. Ваучерите за подарок се доставуваат со курир секој работен ден. Нарачките направени после 14:00 часот во петок или во неработен ден се обработуваат во понеделник (работен ден). Нарачајте пред 14:00 часот во работен ден и ние ќе ви го испратиме хартиениот ваучер истиот ден. Исто така 24/7 работи испораката преку е-пошта! Изберете да платите со картичка и моментално ќе добиете дигитален ваучер подготвен за употреба и печатење или испраќање. Дополнително нудиме попуст од 30 денари за секој што ќе ја избере оваа опција.

Може ли да нарачам/резервирам по телефон?
Не. За да купите ваучер или да го резервирате доживување, потребно е да се согласите со условите и да дадете некои лични податоци, а за тоа треба да поминете низ процесот на купување.

Имам неколку ваучери, дали можам да ги комбинирам?
Да, ако имате неколку активни ваучери - можете да ги искористите за да го резервирате поскапото доживување. Пишете ни на [email protected] за да ги комбинираме вашите ваучери. 

Дали е видлива цената на самиот ваучер?
Не, цената не е испишана на самиот ваучер. Освен ако не се работи за ваучер со универзална вредност. Тогаш на него стои расположливиот износ.

Може ли да добијам ваучер денес?
Да, изберете дигитален ваучер, платете го со платежна картичка и ќе го добиете веднаш - подготвен за резервација или за подарување.

Може ли да го подигнам ваучерот од вашата канцеларија?
За жал, не. Немаме физичка продавница. Ваучерот можете да го добиете со курирска достава или по е-пошта.

Кон почетокот

Како да купам ваучер?

  1. Изберете доживување од нашиот каталог.
  2. Купете го за себе или подарете го на вашиот близок.
    - Ако е за вас, веднаш ќе можете да изберете датумот на доживување во процесот на купување.
    - Доколку е за подарок, ќе можете да го изберете подарочното пакување, а датумот ќе го избере примачот.
  3. Внесете ги податоците, изберете го начинот на плаќање и испорака и следете ги понатамошните упатства.
Кон почетокот

Плаќање

  • Дебитна / кредитна картичка - по завршувањето на нарачката, ќе бидете пренасочени кон системот за онлајн плаќања. Откако ќе ги внесете податоците на картичката, можеби ќе треба да го потврдите плаќањето со СМС, М-токен или во апликацијата на вашата банка. По успешното плаќање, веднаш ќе го добиете на е-пошта ваучерот подготвен за употреба, без разлика, дали нарачавте само е-ваучер или ваучер со курирска достава. Во случај на неуспешно плаќање, ќе можете да се обидете повторно или да изберете друг начин на плаќање - избраниот ваучер ќе се зачува.
  • Уплата преку банкарска сметка - откако ќе ја завршите нарачката, ќе ги видите инструкциите за плаќање во банка. Веднаш ќе добиете е-ваучер на Вашата е-пошта, без разлика, дали нарачавте само е-ваучер или ваучер со курирска достава, тој ќе стане активен и ќе можете да направите резервирација само откако ние ќе ја добиеме уплата.
    Примач: ГИФТО 2023 ДООЕЛ Скопjе
    Сметка: 270076890630157
    Цел на дознака: Број на нарачка
  • Плаќање во готово при достава - оваа опција можете да ја изберете само кога нарачувате ваучер со курирска достава. По завршувањето на нарачката веднаш ќе добиете електронска верзија на вашиот ваучер, но тој ќе стане активен и ќе можете да jа направите резервацијата само откако ќе извршите уплата во компанијата за достава. Компаниите за достава наплаќаат провизија до 3% од уплатата во готово при испорака, која можете да jа избегнете со уплата преку банкарска сметка.
  • Ако имате уште еден ваучер / промотивен код - ако имате ваучер за друго доживување, можете да го користите како промотивен код при плаќањето. Износот ќе биде одбиен од нарачката. Доколку вашата нарачка е поскапа од вредноста на ваучерот - ќе можете да доплатите. Ако е помал - разликата ќе остане на вашата сметка и тој износ ќе можете да го искористите за наредните купувања.
Кон почетокот

Испорака

Ги нудиме следниве видови на испорака:
Е-ваучер преку е-пошта Електронска честитка Ваучер за подарок

Е-ваучер преку е-пошта - работи 24/7! Изберете да платите со картичка и веднаш ќе добиете дигитален ваучер подготвен за употреба и печатење или испраќање. Нудиме попуст од 30 денари за секој што ќе ја избере оваа опција.

Електронска честитка - на наведениот ден на примачот ќе му испратиме празнична честитка на неговата е-пошта, со лични желби и приложен ваучер за незаборавно доживување.

Ваучер за подарок - отпечатен на дебела хартија, сместен во кутија за подарок по избор, овој ваучер ќе ви биде испратен со курирска достава. Нарачките направени после 14:00 часот се испраќаат следниот работен ден. Нарачките направени во петок после 14:00 часот или во неработен ден се испраќаат во понеделник (или следниот работен ден).

Кон почетокот

Подарочно пакување

Повеќе за нашите подарочни пакувања можете да видите тука: https://gifto.mk/packaging/.
При нарачката на ваучер за подарок, ќе можете да изберете различни пакувања и додатоци. Се погриживме секој да најде соодветно пакување!


Ваучер за подарок Подарочно пакување Луксузна кутија за подароци

Самиот ваучер ќе биде испечатен на дебела хартија, преклопен на пола и ставен во обичен коверт за подарок. На ваучерот постои празно место за поздравна порака - пополнете го при купување и ние ќе ја испечатиме пораката на ваучерот, или оставете го празно, за да напишете нешто лично.

Коверт за подарок - дебел коверт за подарок со нестандарден отвор, кој ќе го направи подарувањето повозбудливо и поинтересно.

Кутија за подарок - квалитетно изработена, спектакуларна кутија од типот „фиока“ во која ќе биде сместен вашиот ваучер.

Луксузна кутија за подароци - импресивна, квалитетно изработена кутија со магнетно затворање, која ќе го заземе своето место на полицата со книги и ќе потсетува на возбудливото доживување во уште многу наредни години.

Хартиена ќесичка и картичка - дополнителен додаток за вашиот уникатен подарок. Тоа ќе го прави подарувањето уште поспектакуларно и понезаборавно. Ќесичката е небрендирана и може да се користи повеќекратно.

Подарочни пакувања
Кон почетокот

Откажување на купување

Можете да го откажете купувањето и да вратите купен ваучер во рок од 14 дена.
  • Ги враќаме паричните средства само на македонски сметки.
  • Ги враќаме средствата само на банкарската сметка на купувачот.
  • Враќање и замена не се дозволени откако ќе се направи резервација.
  • Се враќа исносот на вредноста на ваучерот без пакување и испорака.
Доколку сте ги прочитале овие услови, кликнете ТУКА и пополнете ги податоците за ваучерот во формуларот.
Кон почетокот

Валидност на ваучери

Секој ваучер има важност 12 месеци од моментот на купување. Валидноста може да се продолжи за наредните 12 месеци за доплата од 20% од вредноста на ваучерот, но не помалку од 600 денари - искористете ја оваа страница: https://gifto.mk/renew/ По истекот на рокот на важност на ваучерот, планиран е 1 месечен грејс период во кој можете да го направите неговото продолжување. По истекот на овој период, валидноста на ваучерот не може да се продолжи. Периодот на важност е отпечатен на секој ваучер. Во грејс период ваучерот не може да се користи за резервација.
Кон почетокот

Резервација на датумот

За да го искористите вашиот ваучер, мора да направите барање за резервација на страницата МОЈОТ ВАУЧЕР на gifto.mk/my.
Секое доживување има различни услови за резервација - ќе ги дознаете условите за резервација на вашиот ваучер кога ќе го внесете бројот на ваучерот и ќе го притиснете копчето „побарај резервација“. Во повеќето случаи ќе треба да го контактирате партнерот/организаторот на доживувањето за да го договорите датумот. Откако ќе се направи резервација, ваучерот се смета за искористен.

Кон почетокот

Откажување на резервација

Откажување или промена на резервација
Избегнувајте откажување на веќе направени резервации, во повеќето случаи ваучерот ќе се смета за искористен.
Условите за откажување на веќе направената резервација се различни за секое доживување. Во повеќето случаи, можете да ја откажете направената резервација најдоцна 3 работни дена пред резервираниот датум. Некои доживувања имаат подолг рок за откажување - прочитајте ги условите за резервација на вашето доживување.
За откажување или промена на резервацијата мора директно да го контактирате партнерот/организаторот на доживувањето. Доколку не се исполнети условите за откажување, ваучерот се смета за искористен.
Кон почетокот

Замена на ваучерот за друго доживување

Имате ваучер за едно доживување, но сакате да го замените за друго?
Добрата вест е тоа, што со вашиот ваучер можете да платите за секое од доживувањата што ги нуди Gifto. Исто како со другите доживувања од нашиот каталог, притиснете „нарачка“ и изберете ја опцијата „Плати со ваучер“.
  • Замена за поскапо доживување Разликата ќе можете да ја платите на начин што најмногу ви одговара.
  • Замена за поевтино доживување За преостанатиот износ може да издадеме нов ваучер со важност од 1 година или износот ќе остане како салдо на ваучерот и ќе може да се искористи за други купувања на Gifto.
Кон почетокот

Промена на цената

Нудиме гаранција од 3 месеци дека по купувањето цената на доживувањето нема да се промени. Доколку не поминале 3 месеци од купувањето на ваучерот - пишете ни на [email protected] и ние ќе го резервираме доживувањето по старата цена. Доколку поминале повеќе од 3 месеци, можете да доплатите за доживувањето или да го искористите ваучерот за некое друго доживување од нашиот каталог. Доколку износот на вашиот ваучер не е доволен за избраното доживување, системот ќе ви понуди да ја доплатите разликата.
Кон почетокот

Доживувањето веќе не се нуди

Доколку имате ваучер за доживување кое повеќе не се нуди или не важи, можете да го искористите вашиот ваучер како код за попуст за кое било друго доживување или да купите подарок за некој близок. Можно е по купувањето на ваучерот, организаторот да престанал да ја нуди услугата, таа се променила или нема достапни датуми во најскоро време (на пример, за времето на сезонски доживувања или во шпицот на сезоната).
Кон почетокот

Доцнење или недоаѓање

Во повеќето случаи, доколку доцните или недоаѓате во закажаниот термин и денот договорен со организаторот, вашиот ваучер ќе се смета за искористен и не ќе може да се користи повторно. Секогаш внимателно читајте ги упатствата во условите на доживувањата за тоа, кога и како можете да ја промените или да ја откажете вашата резервација.
Кон почетокот

Промотивни кодови и попусти

Код на ваучер - код што го добивате при купување ваучер на Gifto.mk

Код за попуст / промотивен код - код што го добивате бесплатно.

Код на ваучерот:
- може да се користи само за резервација на доживување.
- може да се комбинира со друг код за ваучер за да резервирате поскапо доживување.
- може да се користи за поевтино доживување, разликата ќе се претвори во код за попуст.
- може да се користи за резервација за 1 или повеќе лица.
- НЕ МОЖЕ да се користи за купување на друг ваучер за подарок.
- со важност од 12 месеци.

Код за попуст:
- се користи само при последниот чекор од купувањето - плаќање.
- не може да се комбинира со друг код - 1 код за секое купување.
- не може да се користи за резервација на доживување.
- има различна важност.

Кон почетокот

Дали имате повеќе прашања?

Користете го формуларот подолу и ние ќе ви одговориме во најкус можен рок.