Подарување доживувања е најодговорен бизнис

Во Gifto веруваме дека можеме да го оставиме светот во подобра состојба од таа во којашто го најдовме.

Како водечка платформа за подарување доживувања во Бугарија, нашата посветеност не се ограничува на обезбедување добра услуга. Станува збор за подобрување на животната средина преку еколошка и општествено одговорна политика.

Одговорен бизнис и ESG

Пристапот ESG нуди одговорен однос кон еколошка, социјална и управувачка компонента на бизнисот.

Подарување доживувања, како целосно одговорен и одржлив бизнис модел, е особено компатибилен со стандардите за ESG поради 2 главни фактори:

  1. Самиот бизнис модел подразбира дигитализирани и автоматизирани процеси, мала потрошувачка на ограничени ресурси и создава минимален отпад.
  2. Како лидер на пазарот, Gifto има можност да промовира добри идеи и да го промени деловното опкружување преку воведување одговорни практики во соработката со партнерите и клиентите.
Одржлив и етички бизнис
Поддршка на заедницата
Грижа за животна средина

Како Gifto ја менува средината во Македониjа?

Еко-обврски

Дигитални стимулации

1. На нашите клиенти им нудиме можност да направат свесен избор во корист на одговорна потрошувачка со нудење попуст од 30 денари за секое купување на дигитален ваучер со испорака преку е-пошта и плаќање преку Интернет.

2. Имаме категорија Еко-доживувања и нудиме попуст при купување ваучер за едно од нив, уште еднаш да ги охрабриме клиентите да направат свесен избор.

Штедлив пристап

Создаваме можности да заштедиме ограничени ресурси, како што се гориво, хартија и… време. Нашите вработени работат од далечина, а нашите клиенти ги добиваат своите ваучери преку е-пошта, заштедувајќи на таков начин  тони отпад и илјадници „работни часови“, часови кои ќе можат да ги поминат со корист за себе.

Зелен акцент

Ние им даваме приоритет и ги промовираме еколошки неутрални и одговорни доживувања. На нашата веб-страница ќе најдете посебна категорија за еко-доживувања и повторно ќе можете да направите избор во корист на одговорна потрошувачка.

Без хартија

За да го минимизираме нашето влијание врз животната средина, во Gifto ние работиме без готовина и без хартија. Ние користиме дигитални плаќања, сметководство, известувања и проток на документи.

Деловна етика

Работна средина

„New Work“ е концепт кој се фокусира на начинот на кој луѓето работат и комуницираат во работната средина. Тој ја нагласува важноста на автономијата, флексибилноста, свесноста и личното задоволство. Создаваме релаксирана работна средина користејќи ja линиската организациска структура, а нашите идеали подразбираат отсуство на кариеризам и прекумерна работа.

Дигитална транзиција

Активно им помагаме на нашите искусни соработници да вршат дигитална трансформација. Со наша помош, стотици бизниси низ целата земја преминуваат кон дигитален проток на документи, добивајќи ги придобивките од нашите решенија за автоматизација и ИТ решенија за нивните деловни операции.

Здрава рамнотежа

Нашата работна средина промовира здрава рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот. Нашите вработени работат таму каде што им е удобно и можат да го променат работниот распоред според нивните потреби или потребите на нивните најблиски.

Транспарентност

Нашите целосно дигитални и транспарентни финансии обезбедуваат усогласеност со владините регулативи, вклучувајќи го целосното плаќање на даноци и социјални придонеси.

Етичка посветеност

Не дозволуваме доживувања поврзани со неетички однос кон животни, загадување на животната средина или други сомнителни практики.

Социјални обврски

Домашен туризам

Ја подобруваме локалната економска одржливост преку промовирање на домашниот туризам. Нашите ваучери обично се користат за времето на одмори и избраното доживување во голема мера одредува каде тоа ќе се случи. Така, заедно со нашите доживувања, луѓето консумираат повеќе услуги на локално ниво – ноќевања, ресторани, музеи, поддржувајќи ги на таков начин локалните бизниси.

На локално ниво

Ние ѝ помагаме на локалната економика работејќи претежно само со македонски добавувачи на производи и услуги. Нашата подарочна амбалажа е направена во Македонија. Работиме само со локални агенции и фриленсери за дигитален маркетинг и ИТ. Планираме да ги спонзорираме локални иницијативи во областа на спортот и уметноста.

Поддршка за заедниците

Нашата активност придонесува за економската и социјалната благосостојба на локалните заедници. За некои од заедниците тоа е прашање за опстанок, бидејќи деловните можности во нивните региони се ограничени.

За иднината на Македонија

Нашите напори придонесуваат за транзицијата на Македонија кон услужно ориентирана економика. Во споредба со производството, услугите имаат високи приноси и мала потрошувачка на ресурси.

Поглед кон иднината

Gifto не е само платформа – тоа е посветеност на посветла, позелена и поинклузивна иднина за Македониjа.

Придружете ни се на ова возбудливо патување до одржливо живеење во Македониjа.

Ајде заедно да подариме доживувања кои се важни.