За Gifto

Почеток » За Gifto

Ние веруваме дека највредните работи во животот не се нештата, туку доживувањата.

Доживувањата со луѓето што ги сакате и спомените што заеднички ги создавате.

Во Gifto можете да изберете од стотици незаборавни доживувања!
Секое од нив можете да го купите со ваучер кој можете лично да го искористите или да го подарите на некој близок.

 

За gifto

Преку заедничките доживувања, луѓето стануваат поблиски и посреќни. Нашата мисија е да им понудиме повеќе заеднички, вредни моменти. Сакаме нашата платформа да им помогне на луѓето да создадат заеднички искуства, скапоцени спомени и трајни врски.

Ајде заедно да ја промениме традицијата и да почнеме да подаруваме доживувања наместо материјални работи.

Приклучете се и вие!

Ние веруваме…

… дека не ви се потребни материјални работи за да поминете возбудливи моменти и да создадете незаборавни спомени.

Ние ве инспирираме…

… да го поминете скапоценото време со вашите најблиски. Доживејте заеднички авантури или создадете нешто ново.

Ние создаваме…

… незаборавни доживувања што ги зближуваат луѓето и ги обединуваат со заедничките спомени и приказни.

Подарете приказни

Предметите ви носат само краткотрајна радост. Никој не кажал: „Дали се сеќаваш на слушалките што ми ги подари?“

Доживувањето остава топло сеќавање кое ве прави среќен секогаш кога ќе го допрете.

Ние создаваме вредни, безбедни и еколошки чисти доживувања кои се паметат со години.

Доживувањата што ги нудиме ги мотивираат луѓето да патуваат, да пробуваат нови работи и да се дружат.

Организаторите на доживувањата се вистински луѓе и бизниси кои ја сакаат својата работа и своите клиенти.

Социјална посветеност

Ги поддржуваме локалните заедници и економика, користејќи ги македонските изведувачи, даватели на услуги и производители. Нашите услуги организираат доживувања кои го стимулираат домашниот туризам и промовираат „самодоволна“ економика без значително користење на природните ресурси. Нашата активност има мал еколошки отпечаток и создава економска разновидност во оние региони каде што е најпотребно.

Еколошка посветеност

Заложбата за зачувување на животната средина е посветеност на една личност или бизнис за одржливост на животната средина. Тоа е подготвеност да се жртвува личното задоволство и да се користат поеколошки производи. Ние заземаме активна позиција и работиме на намалување на штетното влијание на нашите активности. Ги охрабруваме нашите клиенти да заштедат хартија, неколку литри гориво, а зошто и не некој денар, со избирање на опциијата за дигитално подарување.

Ајде да штедиме хартија

Изберете за подарок дигитален ваучер кој има истата функција. Располагаме и со дигитална картичка за подарок која ја носи истата радост.

Да ги спречиме непотребните штетни емисии

Изберете ја опцијата да го добиете вашиот ваучер по е-пошта, штитејќи ја на таков начин животната средина од загадување при достава со курир.

Ајде да заштедиме неколку денари

Изберете дигитален ваучер, платете го онлајн со платежна картичка или преку банка и добијте
попуст од 30 денари!

Луѓето кои стојат зад доживувањата

На нашата платформа работат луѓе и бизниси кои се специјализираат на создавање незаборавни доживувања.

Што може да биде подобро од тоа да добиете уникатно сеќавање, неочекувано хоби, забавна приказна или ново пријателство?

Вредности

Нашите вредности не се само идеи – тие нè водат во секој момент од работниот ден.

  1. Одговорна потрошувачка
    Ние го создаваме нашиот бизнис стремејќи се кон минимално влијание врз животната средина. Ние поддржуваме еколошки начини на плаќање и испорака, нудејќи попусти за нив. Настојуваме максимално да ја намалиме употребата на хартија и логистика во нашите активности. Ја поддржуваме идејата да им се даде предност на подароци со доживувања отколку на материјалните подароци, бидејќи тие се поприродни.
  2. Економика на засегнати страни
    Наместо да се фокусираме само на интересите на инвеститорите, како во класичниот деловен пристап, ние ги земаме предвид интересите на сите учесници – клиентите, вработените, партнерите, непосредните исполнители на доживувања и општеството како целина. Ова ни овозможува да изградиме бизнис кој е одговорен и корисен за сите.
  3. New Work
    Веруваме дека ерата на полни канцеларии и континуиран напредок во кариерата заминува. Нудиме флексибилно работно време и можност за работа од далечина, што им помага на нашите вработени да го намалат стресот во секојдневниот живот, да поминуваат повеќе време со своите најблиски и да водат поквалитетен живот.

Нашиот тим

Дмитриj gifto.mk

Дмитриj

Основач и управител (продажба на ваучери за фирми, маркетинг, финансии)

Ана gifto.mk

Ана

Корисничка поддршка (продажба на ваучери и резервации)

Десимир gifto.mk

Десимир

Односи со партнери/организатори на доживувања

Нашите клиенти

Возењето АТВ низ преубавите пејзажи на Националниот Парк Галичица беше вистинско доживување! Се чувствувавме како вистински истражувачи додека ја истражувавме природата и уживавме во неверојатните пејсажи. Фотографиите што ги направивме по патот ќе останат вечни спомени од оваа авантура.

Александар Т

Возење ATV во Национален Парк Галичица

Барањето на авантура преку веб-страницата gifto.mk беше многу лесно и брзо. Со само неколку кликови, успеавме да го резервираме нашето доживување и да го направиме денот незаборавен.

Траjче Б

Возење картинг - адреналинско доживување за сите во Скопје

Прекрасниот комплекс Минами во село Горно Коњско беше совршеното место за одмор со пријателите! Удобните соби, прекрасниот поглед кон Охридското Езеро и гостопримството на персоналот го направија нашиот престој незаборавен. Благодарам, gifto.mk, за прекрасното доживување!

Коста М

Сместување во комплексот Минами во село Горно Коњско во Охрид

Организацијата на нашето тимбилдинг искуство преку фирмата беше извонредна, а Јавањето на коњи во околината на Крушево беше незаборавно! Сите нашите колеги уживаа во искуството на коњите и го прославија нашето тимско јавање во прекрасната природа. Гифто, благодарам за овој неверојатен ден!

Jованка К

Јавање на коњи – незаборавна авантура во околина на Крушево